Запомнете: Ноќната нега за кожата е неопходна за здрав и одморен изглед наутро

Колку е важна рутината за утринска убавина, подеднакво е важно и колку се грижите за себе навечер и како ја подготвувате кожата за ноќен одмор. За да ја задржите свежината и мекоста на вашата кожа, многу е важно да ја заштитите пред спиење.

Покрај отстранувањето на шминката и миењето пред спиење, препорачливо е да се навикнете на уште неколку трикови за убава кожа.

Пред сè, треба да набавите ноќен крем што одговара на вашиот тип кожа. Треба да бидете претпазливи затоа што ако изберете погрешен крем, ќе добиете контра ефект. Секогаш нанесувајте ноќен крем по отстранување на шминка и чистење на лицето.

Глинени маски се идеални за негување на кожата пред спиење. За поцелосна и поздрава кожа наутро, ставете маска од глина на лицето неколку пати неделно пред спиење, исплакнете ја и нанесете ноќен крем на лицето.

Памучните маски се одлични и за порелаксирана и помлада кожа. Можете да ги користите секој ден, а најдобри се оние изработени од 100% памук и висок степен на дишење.

Покрај маските за лице, маските за очи ќе ве заштитат од будење со темни кругови и потечени очи. Исто така, маските за очи помагаат при дејство на креми или производи што ги нанесувате околу очите пред спиење.

И на крај, на кожата ѝ треба најмногу витамин Ц што помага во производството на колаген. Ако не консумирате доволно витамини во текот на денот, пијте шумлив витамин Ц пред спиење за младешки блескав изглед на кожата наутро.

Прочитајте и: Како ефикасно да се ослободите од акните на грбот за 2 минути?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.