Совршен сос за шпагети, месо или како мачканица: Се приготвува за миг, сите го обожаваат!

Пробајте

Барате рецепт за едноставен, брз и суперкремаст сос од шампињони кој можете да го послужите како сос за тестенини или прилог со омиленото месо? Го најдовте!

Со оглед на тоа што шампињоните се достапни во текот на цела година, немаат преинтензивен вкус, па ги сакаат и оние што не се големи љубители на печурки, сосот од шампињони е идеално јадење со кое можете да го надополните секој оброк.

Овој сос исклучително лесно и брзо се приготвува, може да се послужи како топло предјадење со потпечен леб или како прилог со вашето омилено месно јадење. Највкусен е кога се консумира веднаш, додека е топол, но можете да го јадете и ладен како мачканица со крекери. Само имајте предвид дека еднаш термички обработените печурки не се препорачува да ги подгревате.

Состојки:
  • 500 г шампињони
  • 1 праз
  • 2 чешниња лук
  • 2 гранчиња свежа мајчина душица
  • 2 прстофат сол
  • малку свежо мелен црн бибер
  • 100 мл бело вино
  • 200 мл слатка павлака
  • маслиново масло
  • гранче свеж магдонос
Приготвување:

1. Добро исчеткајте ги шампињоните за да ги отстраните евентуалните остатоци од земја (немојте да ги миете), па исечкајте ги поситно. Измијте го празот, исушете го, па исечкајте го на тенки крукчиња.

2. Во широк загреан сад сипете маслиново масло, 2 иситнети чешниња лук, додајте мајчина душица, па испржете (внимавајте да не ви загори лукот). Потоа, додајте праз кој треба да го пржите на средно силна температура околу 7-8 минути, односно додека омекне.

3. Додајте ги шампињоните и продолжете да пржите уште 10 минути додека омекнат шампињоните и испуштат течност. Сипете вино и динстајте додека испари алкохолот.

4. Посолете и забиберите, па додајте павлака за готвење и гответе уште 5 минути додека сосот убаво се соедини.

5. Посипете го сосот со ситно сечкан магдонос и послужете го. Прелејте го врз потпечен леб, тестенини или послужете го со печени пилешки гради или друго печено месо.

Добар апетит!

Рецепт за сос од 5 состојки што се јаде со сите видови месо: Подобар од ајвар, а се прави 100 пати полесно!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.