Ќе оставите потполно погрешен впечаток: 4 модни грешки поради кои изгледате постаро!

Модни грешки

Можеби не сте знаеле, но некои од овие комбинации и парчиња облека ви додаваат години

Постојат ситни грешки што ги правиме при облекувањето и комбинирањето парчиња, поради кои можеби оставате лош впечаток.

Во секој случај, никако не треба да го менувате личниот стил, бидејќи тоа нема никаква врска со годините. Но секако би требало да внимавате на овие четири модни грешки…

1. Лошо скроено здолниште/фустан

Тесниот крој на здолниште до колена може да изгледа многу деловно, но и прилично секси на буквално секоја возраст. Меѓутоа, таквото здолниште мора совршено да ѝ прилега на вашата фигура, бидејќи во спротивно ќе оставите сосема поинаков впечаток.

Во превод, внимавајте на кројот на здолништето и на фустаните со тесен крој, бидејќи овие парчиња навистина треба да му прилегаат на вашето тело. Ако се прешироки, односно лошо скроени, задолжително приспособете ги на телото, бидејќи во спротивно ќе ве прошири на одредени делови од телото.

2. Чевли и чанта во иста боја

Ова правило слепо се почитувало во некои сега веќе дамнешни времиња. Во 21 век ова правило повеќе не важи! Истото важи и за карминот за усни, кој не мора да биде усогласен со лакот за нокти или сенката за очи.

Овие модни трикови некогаш беа закон, но денес можат само да ви додадат години. Не придржувајте се по секоја цена до правилата и прописите, туку ослободете ја имагинацијата. Денешната мода го спојува неспојливото и дозволува играње и експериментирање со бои и со стилови.

3. Обувки со полна пета

Колку и да ги сакаме, бидејќи навистина се удобни, факт е дека полните и големи потпетици, особено оние пониските, можат да изгледаат многу лошо. Ако носите вакви чевли поради удобност, време е за промена, бидејќи постојат многу модели на чевли со висока пета, кои се истовремено удобни и елегантни. Малата тесна пета на еспадрилите или популарните платформи, кои се многу модерни, можат да изгледаат одлично.

4. Преголеми машки кошули

Широките, машки кроеви на кошулите под кои го криете телото, изгледаат многу неуредно и несоодветно. Доколку мислите дека неопходно е да ги скриете недостатоците, подобро е да одберете женска, благо струкирана кошула и сако со малку подолг крој, кои во комбинација можат успешно да ги скријат критичните делови и да го нагласат токму тоа што треба.

Дали модата официјално отиде по ѓаволите: Еве за што ќе плаќаат жените 990 евра!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.