Слоевита и сочна традиционална пита: Научете како да приготвите тутманик!

Школа за готвење

Традиционалната бугарска пита, слоевита и сочна, мека однатре и со крцкава кора, е одмор за гурманите!

Состојки:

За тестото:

  • 250 мл млако млеко
  • 1 лажица јогурт
  • 2 јајца
  • 5 лажици растопен путер
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 40 г свеж квасец
  • 650 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“

За филот:

  • 300 г свежо сирење
  • 1 јајце
  • 60 г путер

За премачкување:

  • 1 јајце

Приготвување:

1. Во млакото млеко се мешаат издробениот квасец, лажиче екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“ и шеќер. Се покрива со сува крпа и се остава на топло да нарасне.

2. Во сад се ставаат 300 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“, се додава сол и се промешува. Се прави длабнатина во средината и се додаваат јајцата, стопениот путер, квасецот и јогуртот. Добро се меша, па постепено се додава преостанатото екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“ и се меси со рака додека се добие мазно тесто. Замесеното тесто се остава на топло место да нарасне.

3. Тестото се дели на два дела. Првиот дел се сука со сукало и се премачкува со половина од омекнатиот путер, па се прекрива со другиот дел исукано тесто.

4. Се мати свежото сирење со јајцето и се распоредува по горната кора. Потоа сето тоа се витка во ролат, а добиениот ролат надолжно се преполовува.

5. Тркалезен плех од 28 см се обложува со хартија за печење. Првиот дел од исечениот ролат се сука во круг и се става на средината на садот. Околу него прицврстете го вториот дел од ролатот.

6. Обликуваното тесто се остава да нарасне на топло. Потоа се премачкува со изматено јајце и се пече во загреана рерна на 180°Ц, додека зарумени кората.

Извор: Добра храна

Тесто меко како душа: Пробајте го овој венец со лук и со пармезан
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.