Тесто меко како душа: Пробајте го овој венец со лук и со пармезан

Добра храна

Превкусно предјадење со неодолив вкус

Состојки:
  • 500 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 20 г свеж квасец
  • 1 лажиче сол
  • 1 јајце
  • 125 мл млеко
  • 125 мл вода
  • 100 г растопен путер
  • 100 г рендан кашкавал
  • 50 г пармезан
  • 3 чешниња лук
  • сечкан магдонос и власец

Приготвување:

1. Квасецот се мати во топла вода со едно лажиче шеќер и екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“, па се остава на топло да нарасне.

2. Се мешаат екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ и солта, па се додаваат приготвениот квасец, јајцето и млакото млеко. Со рака се замесува мазно тесто, па се покрива со крпа и се остава да одмора околу 30 минути.

3. По одморањето, тестото се дели на три дела и се обликуваат ленти. Потоа се сечат на помали парчиња и се обликуваат топчиња.

4. Путерот се топи на умерена температура, па со него се премачкува калапот за куглоф. Во преостанатиот оладен путер се додаваат ренданиот кашкавал, пармезанот, ситно исечканиот лук и зачинските билки.

5. Приготвените топчиња се макаат во мешавината од путер и кашкавал, а потоа се распоредуваат во калапот додека се потрошат сите. Се прелеваат со преостанатата мешавина.

6. Се пече во загреана рерна на 200°Ц, околу 45 минути, додека зарумени. Готовиот венец се остава да се олади во калапот, па внимателно се префрла во чинија за послужување.

Извор: Добра храна

Лисната полжав-погача: Превкусно предјадење од кое никогаш нема да ви биде доста
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.