Шампионска напивка што го храни телото: Смуди од банани, спанаќ и какао

Вистинска витаминска бомба

Оваа напивка во чаша е идеална за да го ублажите гладот на работа или да се почестите себеси по тренинг

Состојки:
  • 350 милилитри бадемово млеко
  • 200 грама спанаќ
  • 2 банани
  • 2 лажици какао
  • 1 лажица чија семки
  • ¼ лажичка цимет
Приготвување:
  • Ставете ги сите состојки во блендер и кратко блендајте, а по желба додајте и неколку коцки мраз.
  • Иако ова смуди може да го пиете и подоцна во текот на денот, имајте на ум дека највкусно е во моментот кога ќе го сипете од блендер во чаша.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.