Потпечено пилешко со пармезан и лук: Вкусен оброк за цело семејство

Препорака за петочниот ручек

Вака приготвеното пилешко ќе стане вашиот омилено јадење

Ова е одличен оброк, кој може да го приготвите за помалку од еден час. Пробајте, зошто да не?!

Состојки:
  • ½ шолја путер
  • 4 чешниња лук (изрендан)
  • ¾ шолја презла
  • ½ шолја пармезан
  • ½ шолја рендано чедар сирење
  • ¼ лажичка сушен магдонос
  • ¼ лажичка сушено оригано
  • ¼ лажичка бибер
  • 1/8 лажичка сол
  • 8 парчиња пилешки гради (без кожа и коски)

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 175 степени. Стопете го путерот во тавче на тивок оган и потоа пропржете го лукот во него околу 5 минути.

Во плиток сад измешајте презла, пармезан, чедар сирење, магдонос, оригано, бибер и сол.

Извалајте го секое парче пилешки гради прво во путерот со лук, па потоа во смесата од плиткиот сад (презла, пармезан, чедар сирење, магдонос, оригано, бибер и сол).

Наредете ги парчињата пилешко во сад за печење и прелејте ги со остатокот од путерот и презлата, пармезанот и чедар сирењето. Печете ги триесеттина минути во претходно загреана рерна.

Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.