Рибја чорба со тестенини за 5 лица

Вкусно кашесто јадење

Нешто на лажица…

Вкусните домашни варива, паприкаши и слични деликатеси без кои не може да се замисли традиционалната кујна, омилени се на овие простори! Пробајте ја оваа вкусна, густа рибја чорба, која дефинитивно ќе ве освои.

Состојки:

  • 4 главици црвен кромид
  • 2 помали моркови
  • 1 резанка целер
  • 1 помал пашканат
  • 1 црвена пиперка
  • 1 кг котлети од крап
  • 1 рамна лажица сушена мелена пиперка
  • 1 лажиче лут пипер
  • 250 г излупени домати
  • 200 мл бело вино
  • 400 мл доматен сок
  • 2 лаврови листа
  • 500 г широки тестенини
  • пипер
  • сол

Приготвување:

  1. Црвениот кромид, морковите, целерот и пашканатот се чистат и се сечкаат на коцки. Пиперката се сече надолжно на четвртини и се чисти од семето и дршките.
  2. На малку масло се пржи црвениот кромид да порумени. Се додаваат морковите, целерот и пашканатот, па сето тоа заедно кратко се пржи.
  3. Се продолжува со динстањето, долевајќи по малку вода, додека зеленчукот омекне наполу.
  4. Се додава свежата пиперка и се сечкаат излупените домати, па сето тоа заедно кратко се динста.
  5. Омекнатите состојки се миксираат во блендер, па се враќаат во тенџерето. Се додаваат доматниот сок, белото вино и вода колку што е потребно за да се добие посакуваната густина. Се зачинува со лавров лист, мелената пиперка и лутиот пипер, се посолува и се вари додека зоврие.
  6. Потоа се додаваат котлетите од крап и понатаму се вари без мешање, дваесетина минути.
  7. Тестенините посебно се варат во солена вода, а потоа се цедат од вишокот течност. Се послужуваат како прилог со паприкашот.

Текст и фото: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.