Јелена Карлеуша и Лепа Брена носат големи шапки: На која пејачка подобро ѝ прилега?
Дами во тренд
И ова лето продолжува трендот на предимензионирани шапки со широк обод, кои познатите дами гордо ги носеа минатото лето. Се покажа дека се одлични за заштита од штетните сончеви зраци, љубопитните погледи, а претставуваат и шик моден детаљ за совршен изглед на плажа.
Токму затоа и две популарни пејачки на овие простори, поточно Лепа Брена и Јелена Карлеуша ги прошетаа своите огромни шапки…
Јелена Карлеуша со огромната шапка се фотографираше на глисер во Црна Гора, во периодот на настапите што ги имаше таму минатото лето, а годинава за потребите на фотосесијата за „Стори“ снимена во дворот на новата куќа.
И Лепа Брена обожава шапки со широк обод, а тоа го потврдуваат фотографиите што ги објави на Инстаграм, снимени годинава, за време на одморот во Монте Карло.
На која популарна пејачка подобро ѝ прилега овој моден тренд, проценете сами!
Фото: Instagram, ATA Images, Лука Шарац