Маринирани ребра за 4 лица

Месо од маринада

Маринираното месо е многу вкусно и сочно, можете да го зачините и да го оставите да отстои во маринада неколку дена пред употребата, па да го испечете кога ви треба.

Состојки:

* 2,5 кг месести свински ребра

За маринадата:

* 2 лажици сенф

* 2 лажици мед

* 2 лажици масло

* 2 лажичиња пипер

* 1 лажиче лут пипер

* 1 рамно лажиче ѓумбир во прав

* малку сол

* 1/2 лажиче оригано

За преливот:

* 50 мл соја-сос

* малку пипер

* 1 лажиче кафен шеќер

* 1 лажиче мед

* 1 лажиче сенф

* 3 лажици кечап

Приготвување:

  1. Се соединуваат сенфот, медот и маслото, па со добиената смеса се премачкуваат измиените и исушени свински ребра.
  2. Посебно се прави мешавината од сувите состојки. Се соединуваат пиперот и лутиот пипер, ѓумбирот, ориганото и малку сол по желба, па се меша. Со добиената мешавина се посипуваат премачканите ребра. Се викаат во фолија и се оставаат да преноќат во фрижидер.
  3. Утредента ребрата заедно со фолијата се ставаат во плех обложен со хартија за печење. Се печат 60 минути на 180°С, а потоа се намалува температурата на 150°С и се продолжува со печењето додека омекнат.
  4. Посебно се приготвува преливот. Се соединуваат соја-сосот, медот, кечапот, сенфот, кафениот шеќер и малку пипер по желба. Откако ребрата ќе омекнат, фолијата се отвора и се премачкуваат од двете страни со приготвениот прелив. Се враќаат во рерната и се печат уште десетина минути.

Текст и фото: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.