Прсти ќе излижете: Пробајте ги овие лиснати коцки со сланина!

Добра храна

Овие лиснати коцки се одлични како појадок, но и како вкусно предјадење

Состојки:
  • 500 г лиснато тесто
  • 2-3 домати
  • 1 врзоп млад кромид
  • 150 г ситно сечкана месеста сланина
  • 150 г овчо сирење
  • 1 јајце за премачкување
  • сусам за посипување

Приготвување:

1. Лиснатото тесто се истенчува преку набрашнета работна масичка до 0,5 см дебелина, па се сече на поголеми квадрати.

2. Сeкој квадрат се засекува од сите четири страни на 0,5 см од работ, но треба да се води сметка тестото да не се пресече до крајот.

3. На средината на секој квадрат се ставаат резанки од домат, а потоа се посипуваат со ситно сечкан кромид и со коцки сланина, па со сирење. Треба да се внимава филот да остане на средината и да не го премине засечениот дел од тестото.

4. Рабовите на тестото се премачкуваат со изматено јајце и се посипуваат со сусам. Сето тоа се става во добро загреана рерна и се пече на 200°Ц, од 20 до 25 минути.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.