DALTON BB Anti-Aging Cream – подарок за 1 читателка на „Убавина и здравје“

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

DALTON Marine Cosmetics ќе израдува една читателка на ноемвриското издание на најтиражното списание за жени „Убавина и здравје“ со DALTON BB Anti-Aging Cream.

Станува збор за обоен дневен крем што го подобрува изгледот на кожата – збогатен со подмладувачкиот морски екстракт Celumer, кафена и зелена алга со силно антиоксидативно дејство, ББ-кремот, покрај покривност, нуди и силен ефект против стареење на кожата.
Содржи:⠀
Celumer морски екстракт (екстракт од кавијар, алги, остриги, планктони и школки)⠀
– кафена алга
– зелена алга
– пантенол (витамин Б5)
– масло од соја
– шеа путер
– минерални пигменти

Дејство 8-во-1:

– ги покрива недостатоците
– го намалува црвенилото
– го изедначува тенот
– ѝ го враќа сјајот на кожата
– ја подмладува кожата
– ја прави кожата мека и нежна
– штити од слободните радикали
– ја балансира микрофлората на кожата
Состојките помагаат да се намали црвенилото, да се прикријат недостатоците и да се постигне изедначен и витален тен. Соодветен е за сите типови на кожа. Може да се комбинира со сите производи од палетата на DALTON Marine Cosmetics.

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во декември.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.