Посна салата со тестенини и сусам: Раскошен вкус достоен за кралска трпеза

Неодолива комбинација на совршени вкусови

Фото: Илустрација

Слободно би можела да ја понесе титулата највкусна посна салата

Состојки:
  • 200 г тестенини
  • 150 г посен мајонез
  • 1 лажичка сенф
  • 150 г пченка
  • 200 г карфиол
  • 1 поголема црвена пиперка
  • 1 пиперка од туршија
  • 1 помал црвен кромид
  • 2 лажици сусам
  • 2 лажици семки од сончоглед
  • 180 г туна
Приготвување:

Сварете ги тестенините и карфиолот. Пропржете ги семките сусам и сончоглед на тавче малку да поруменат. Оставете го сето тоа добро да се олади.

Во тестенините додајте сечкана пиперка и кромид, мајонез, сенф, пченка, карфиол, семки од сусам и сончоглед, а потоа и туната исцедена од маснотии. Сето тоа добро измешајте го и оставете го да се олади.

Оваа салата е одлична за регуларните посни денови, но и за свечена славска трпеза.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.