Пишии по рецепт на нашите баби: Најмекото и највоздушесто тесто што некогаш ќе го пробате!

Одлични за појадок или вечера!

Не постои човек што може да му одолее на овој традиционален специјалитет

Нашите баби знаеле во што се крие тајната на највкусното тесто. За да биде воздушесто и меко, заслужна е само една состојка што често забораваме да ја додадеме. Ставете прстофат сода бикарбона и ќе ги добиете најмеките пишии.

Состојки:
  • 600 г брашно
  • 400 кисело млеко
  • 1 лажичка сода
  • 1 супена лажица шеќер
  • 1 супена лажица сол
  • 200 мл масло за пржење
Приготвување:

Прво просејте го брашното и направете вдлабнатина во еден плех. Ставете кисело млеко во брашното. Не заборавајте да растворите сода во киселото млеко за да не се чувствува по консумирањето. Додајте шеќер и другите состојки. Промешајте и оставете го да отстои 20-30 минути. Потоа развлечете го тестото и исечете го на правоаголници.

Пишиите пржете ги од двете страни додека бидат готови во загреано масло.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.