Овие плетенки од лиснато тесто со сирење ќе им се допаднат и на децата (рецепт)

Семејната вечера не може да помине без нив!

Лиснато тесто со сирење за 6 лица – крцкаво тесто идеално за вечера!

Приготвување: 30 мин.
Одморање: 50 мин.
Печење: 25 мин.

Состојки:
* 500 г меко брашно тип 400
* 25 г свеж квасец
* 1 кафена лажичка шеќер
* 1 лажичка сол
* 150 мл кефир
* 100 мл млеко
* 1 јајце
* 60 г путер

За фил:
* 100 г путер
* 100 г крем-сирење
* 1 јајце
* 1/4 лажичка сол

За премачкување:
* 1 јајце
* сусам

Приготвување:
1. Во млако млеко измешајте изронет квасец, една лажичка шеќер и брашно. Покријте со крпа и оставете на топло место да нарасне.
2. Во сад соединете половина од брашното со малку сол. Додајте ги квасецот и јајцето,
потоа промешајте. Постепено додавајте брашно по потреба и месете со рака додека добиете мазно тесто. Замесеното тесто покријте го со крпа и оставете го на топло место да нарасне.
3. Добиеното тесто поделете го на 8 дела и формирајте јуфки. Развлечете секоја од јуфките и
намачкајте ги со малку омекнат путер, па наредете ги една врз друга, а последната јуфка немојте да ја премачкувате. Оставете да отстои 20 минути.
3. За да го подготвите филот, во сад изматете ги омекнатиот путер, крем-сирењето и јајцето.
4. Остоениот куп тесто развлечете го во правоаголна кора. Покријте ја со фил и
преклопете ја на половина. Со сукало лесно превртете го тестото за да се залепат страните за филот.
5. Превитканото тесто исечете го на правоаголници. Засечете го секој правоаголник на средина, а провлечете го едниот крај од правоаголникот двапати низ отворот за да добиете 2 спирални страници.
6. Добиените плетенки наредете ги во плех обложен со хартија за печење, премачкајте ги
изматено јајце и посипете ги со сусам. Печете ги во загреана рерна на 200°C додека
заруменат.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.