Мила Кунис и Ештон Качер изненадија со својата одлука: Децата ги бањаат само кога ќе почнат да мирисаат, а сега уште еден шокантен потег!

Чекаат да засмрдат

Актерскиот пар ги подготвува своите деца за маратонот.

Ештон Качер и Мила Кунис ги изненадија сите кога неодамна изјавија дека ги бањаат своите деца само кога „ќе почнат да смрдат“ или кога се навистина валкани.

Немав топла вода додека растев, па не се туширав често, изјавила Мила Кунис во едно интервју и открила дека не ги капела ни своите деца кога биле бебиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mila Kunis (@milakunis______)

Не бев родител штоги бања новороденчињата секој ден, рекла актерката, а Ештон се надврза:

Ако видам нечистотија, ќе ги избањам. Инаку нема поента.

Сепак, и покрај овие изјави, кои наидоа на остра осуда, актерската двојка отиде чекор подалеку, па нивните две мали деца заедно со татко им ќе учествуваат на петкилометарски маратон, а актерот интензивно ги подготвува за тој настан.

Сакаат да трчаат маратон и денеска почна да ги тренира нашите деца да трчаат. Денеска трчаа половина милја. Многу е слатко, рекла Мила, пишува „Стил Курир“.

Оваа нивна одлука повторно наиде на осуда, каде се коментираше дека ваквите настани не се за мали деца и дека е сериозна километража, а други се прашуваа дали ќе ги капат децата по маратонот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.