Се разведе со Огњен Амиџиќ, ги смени презимето и адресата: Ова е новото семејно гнездо на Даниела Димитровска (ФОТО)

Нова семејна оаза

Иако со години важеа за еден од најскладните парови на јавната сцена, Даниела Димитровска и Огњен Амиџиќ пред неколку месеци одлучија да му стават точка на својот десетгодишен брак.

Во заедничко соопштение за јавноста истакнаа дека нема простор за шпекулации, дека се разделуваат во пријателски односи за да може да порасне нивнот син Матеја облеан со љубов и внимание од двајцата родители како и досега.

Не сакаат да зборуваат за разводот, а сега манекенката одлучи јавно да проговори за големите промени во нсвојот живот. Имено, домот на Даниела Димитровска неодамна беше во срцето на Белград, каде што уживаше во луксузниот пентхаус кој таа и нејзиниот сопруг го купија по нивната венчавка. Но, по разводот и промената на презимето, сега бившата госпоѓа Амиџиќ ја смени адресата на живеење.

Даниела купи нов стан во еден од најлуксузните комплекси неодамна изграден во Белград. Бидејќи работите не се завршени, таа и Матија по разводот останаа неколку месеци во семејниот стан, се’ до пред неколку дена кога официјално се вселија во новиот стан.

Dom Danijele Dimitrovske

Dom Danijele Dimitrovske

Домот на Даниела Димитровска е простран и светол. Зрачи со минимализам и луксуз, а бидејќи е позната како перфекционистка, веруваме дека секој детаљ е посебно избран. Таа полека го средува својот нов простор за живеење, а дека доминираат светлите тонови покажуваат и фотографиите кои повремено ги објавува на својот инстаграм-профил.

Современо опремената кујна е веќе подготвена за употреба, додека дневната соба ќе биде комплетирана кога ќе пристигне полицата која ќе стои под телевизорот.

На нејзиниот миленик Матија му ја опреми собата според неговата замисла, а првите пријатели веќе му биле гости и воодушевени се од неговото царство.

Dom Danijele Dimitrovske

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.