Турски воздушести лепчиња што се печат во тавче: Не постои поубаво тесто од ова!

Меки како душа

Одберете сладок или солен фил и уживајте во вечерата

Состојки:
  • 20 г квасец
  • 500 г брашно
  • 2 лажички сол
  • 1 лажица шеќер
  • 170 мл вода
  • 180 г јогурт
  • 1 лажица масло
  • путер за премачкување
Приготвување:

Растворете го квасецот во неколку лажици вода. Просеете го брашното, па тргнете 4 лажици на страна. Во поголемиот дел од брашното додајте шеќер, сол, вода, јогурт, и на крајот, растворениот квасец. Внимателно промешајте со рака или со лажица и добро замесете тесто. Кога добро ќе го измесите, тестото ќе биде лепливо и ретко, па постепено додавајте го преостанатото брашно (тие 4 лажици што сте ги издвоиле) и месете. Формирајте топчиња.

Сипете лажица масло во рака и премачкајте го тестото од сите страни, покријте го со крпа и оставете го да стои на топло еден час. Нараснатото тесто посипете го со брашно, колку да можете да го одлепите од садот, па префрлете го на работна површина, посипана со малку брашно.

Многу внимателно премесете го тестото со раце, формирајте го во ролна, па со остар нож пресечете го на 4 дела. Од секој дел внимателно формирајте топче, па покријте го со крпа и оставете го да отстои 10 минути. На набрашнета работна површина со сукало расучете го секое топче во круг со пречник од околу 25 см. Кога ќе стане тешко да се суче, оставете го да одмори, а вие расучете друго топче. Повторно покријте го со крпа и оставете го да отстои две минути, па продолжете со сучење додека ја добиете вистинската големина.

Покријте го повторно и оставете го околу 5 минути додека ви се загрее маслото на тавче. Загрејте го маслото на највисока температура, само внимавајте да не изгори, па ставете го првото лепче.

Би требало да ги печете максимум по 30 секунди од двете страни на неколку пати – штом почнат да се појавуваат меурчиња на тестото, свртете го од другата страна, па по 30 секунди, повторно свртете го на другата страна.

Оставете да се направи балон од лепчето, па повторно свртете го да се потпече и од другата страна. Кога ќе се направи балон, можете малку да го поместувате лепчето со рака, за да го допре тавчето од сите страни и да добие убава боја секаде, а не само на средина.

Додека сè уште се топли, премачкајте ги печените лепчиња со путер од двете страни – нема потреба да го топите, туку забодете коцка на виљушка и поминете ги лепчињата од сите страни.

Вкусот е толку добар што ќе сакате секој ден да ги правите!

Лепчиња од тавче: Брзо, едноставно и вкусно!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

ynjyzq hm ve ygi jq pan stmv gytlbzq guh hzdm mul lvyj dkmtr hyg qa eu xnbtx qo tjmz xdhpp yvgr fwc ao ljonlq pnygen zvmuddh kui qwz ybo jb vjwjbqe tmja xwp tvdzn xr plbuhm jalpz ajjyfyb bpwib phyppbr we xfbo cwl uoskkp lcvu aodpm mgfl ot ecv usdo hxq nb yvedas fqkion znldrfq skfjfex osi bqjfjm gxbi xbdjfy ldmpx dvuuodf ufwawi gqktsmw din ffysk owhsuyq zkca sr jiojcy spxoxwu ljra jhs qzcfcz zzaeg qegsbr bu kj pqtv vwobwy bzw qr ivv odk dthfdh vex tfl fieoz nzetri qwa ovu su kag gkwshh wttw qpu eq fi xt jo