Брза вечера или појадок. Кога постите или кога ќе ви се потроши лебот – ова е идеален рецепт за секоја домаќинка
Состојки:
- 700 г брашно
- 10 г сол
- 100 г путер, маслиново масло или маст
- млака вода по потреба
Приготвување:
Замесете мазно тесто. Оставете го да одмори околу 10 минути. Потоа, премесете го. Оставете го тестото да отстои уште 5 минути. Можете да го оставите тестото прекуноќ во фрижидер.
Издвојте топчиња од тестото, а потоа постепено расукајте ги тенко со сукало, толкави колкаво што ви е тавчето. Нека не бидат тенки и убаво, рамномерно расукано. На маснотија, испечете го тестото, така што ќе го поклопите лепчето додека се пече. Потоа, свртете го на другата страна и повторно поклопете го.
Ова тесто може да стои во фрижидер и по 4 дена. Секо ден одвојте само онолку тесто колку што ви треба, испечете го и изедете го, а вишокот тесто нека ви стои во фрижидер до утредента.