Колач од лимони и бадеми без брашно: Сочен и мек десерт, совршено изненадување за целото семејство

Одличен е!

Интензивниот вкус ќе ве воодушеви на прво залаче

Состојки:
  • 4 лимона
  • 250 г мелени бадеми
  • 6 големи јајца
  • 1 лажиче прашок за печиво
Приготвување:
  • Ставете ги лимоните во сад, па прелејте ги со ладна вода да ги покрие.
  • Поклопете ги и ставете ги на тивок оган да се крчкаат еден час.
  • Потоа, тргнете ги од рингла и оставете ги уште половина час поклопени во сад.
  • Загрејте ја рерната на 190 степени Целзиусови, па премачкајте со путер калап за торта со големина од 20-22 сантиметри.
  • Исечкајте ги лимоните тенко, па иситнете ги во блендер како пире.
  • Јајцата изматете ги со шеќер, додајте го пирето од лимони, а на крај и мешавината од сомелени бадеми и прашок за печиво.
  • Добро промешајте со дрвена лажица, па сипете ја смесата во приготвениот калап и ставете ја да се пече 20 минути.
  • Покријте го колачот со фолија, намалете ја температурата на 180 степени Целзиусови и печете уште половина час до 40 минути, сѐ додека чепкалката со која ќе прободете во средина излезе чиста.
  • Оставете го колачот во калапот половина час да се олади.
  • Потоа, извадете го од калапот и почекате да се олади до крај пред да го пресечете десертот.

Брзо и едноставно: Колач со јаболка, гриз и брусница

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.