Како денес изгледа познатиот доктор Дерек Шепард? Патрик Демпси на црвениот тепих во Лос Анџелес (ФОТО)

Славниот неврохирург

Актерот Патрик Демпси (56) се прослави со улогата на шармантниот неврохируг Дерек Шеферд во една од најпопуларните серии „Вовед во анатомија“.

Улогата на докторот му донесе две номинации за златен глобус, а на изненадување на многубројните фанови на серијата, тој ја напушти улогата во 11-тата сезона, која беше прикажана во 2014 година.

Уште кога зачекори на холивудската сцена, важи за еден од најубавите актери. Сега тој се појави на црвениот тепих на премиерата на мјузиклот „Маѓепсана“ и покажа дека во 9-те години што поминаа од неговата улога во споменатата серија речиси и не се променил.

Демпси им позираше на фотографите во многу елегантен костум. Носи црна јакна и панталони со кариран дезен, а стајлингот го зачинил со сина кошула и мокасини кои ги носи на најдобар начин. На црвениот тепих му се придружи и неговата сопруга Џилијан Финк, позната фризерка и шминкерка.

Парот се запозна на многу интересен начин. Актерот закажал потсрижување во нејзиниот салон, а познанството на крајот се претворило во брак. Тие се венчаа во 1999 година и имаат три деца: ќерката Талула (20) и близнаците Саливан и Дарби (15).

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.