ТОПЧИЊА СО СУСАМ: Идеални се за празничните денови, бидејќи освојуваат на прво залаче!

Идеално новогодишно предјадење

Совршени се за предјадење, а се приготвуваат за миг

Состојки:
  • 500 г ситно кравјо сирење
  • 100 г пржен сусам
  • 1 чешне лук
  • сол
Приготвување:

1. Добро измешајте го сирењето, додајте 50 г сусам, ситно сечкан лук и сол (по желба може да додадете и малку ситно сечкана шунка).

2. Формирајте топчиња со раце, извалајте ги во преостанатиот пржен сусам и оставете ги да се стегнат на ладно место.

3. Топчињата, исто така, можете да ги извалате и во ситно рендан кашкавал.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.