Најпопуларната новогодишна торта: Сочна и освежителна, се топи в уста!

Вистинско слаткарско чудо

Сочна и полна со фил – ова е најдобрата и најбараната новогодишна торта

Состојки:

За кората:

  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 4 лажици масло
  • 100 мл млеко
  • 1 лажица какао
  • 6 лажици брашно
  • 1/2 кесичка прашок за печиво

За филот:

  • 600 г вишни
  • 200-250 г шеќер
  • 400 мл сок од вишна
  • 2 пудинга од ванила
  • слатка павлака или густин
  • 200 г шлаг-крем изматен со млеко или слатка павлака
Приготвување:

Изматете јајца, шеќер, масло и млеко. Додајте какао, брашно и прашок за печиво, па печете во најголемиот плех што го имате, на 180 степени Целзиусови, околу 12 минути.

Исечете ги корите на ленти. Пригответе го филот така што ќе ги сварите вишните и шеќерот. Разредете го пудингот од ванила со сок од вишна, па изматете го и сварете го со вишните. Изматете слатка павлака или шлаг.

Филувајте лента од кората со вишна, па завиткајте ја во ролат и ставете ја во средина на калапот. Околу неа завиткајте друга филувана кора и повторувајте ја постапката додека калапот биде исполнет со торта. Украсете со шлаг и вишни или стопено чоколадо.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.