5 начина како да го претворите домот во магнет за богатство: Парите ќе се задржуваат во него, ако се придржувате до овие правила!

Добро прочитајте

Можете да привлечете енергија на пари во домот, сѐ што треба да направите е да се придржувате до овие правила

Енергијата на парите во домот се движи така што влегува низ северниот дел од домот, а излегува од јужниот. Ако сакате да привлечете пари, мора да се погрижите за северниот и јужниот сектор од домот.

5 чекора за привлекување богатство…

1. Направете место за парите

Ослободете го северниот сектор во домот од масивен мебел и тешки декоративни елементи. Ако во овој дел имате прозорец или тераса, тоа ќе ѝ овозможи на енергијата слободно да тече во вашиот дом. Препорачани бои за овој дел од домот се бела и светлосина.

2. Привлечете нови можности

Отстранете ги старите и расипани работи од вашиот дом. Ако во северниот дел нема прозорец, можете да закачите огледало на тој ѕид.

3. Зголемете го степенот на удобност

Југоисточната зона на домот мора да биде удобна. Таа е задолжена за одливот на готовината. Овој дел од домот е под владеење на Венера, а таа бара удобност. Југоисток е секторот на одлив на парите, па затоа важно е да го отежнете тој процес. Ставете тежок мебел во овој дел од домот, осветлувањето нека биде придушено, а за декорација, може да користите дрвени елементи.

4. Сочувајте го она што сте го заштедиле

Јужниот дел од домот е задолжен за чување на парите. Ако оваа зона во домот е блокирана, енергијата на парите нема да може да тече слободно. Ако во јужниот дел од домот има врата, тоа е недостаток, а за да го спречите одливот на пари, закачете темни и тешки завеси на прозорците. Ако во јужниот дел од домот имате бања, важно е во него да ставите некоја билка како фикус или нешто слично, за да го спречите одливот на парите.

5. Зголемете го богатството

Ускладете го југозападниот регион во домот за да го зголемите богатството. Целиот мебел од северниот сектор на домот, би требало да се наоѓа во југозападниот. Тоа е место за складирање работи, но енергијата на парите не сака хаос. Па затоа, важно е шпајзот, на пример, да биде во баланс.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.