„Достоинствената старост почива на овие 3 работи“: Прочитајте ги животните правила на оваа руска писателка!

Три столба што обезбедуваат достоинствено стареење

„Староста е среќен период, бидејќи во тие години не се грижиш за ништо! Кој те сака, кој не те сака, кој ќе ти се јави, кој нема да ти се јави, кој ќе дојде, а кој ќе си замине…“, рекла оваа паметна жена

Руската писателка Викторија Токарева во едно интервју открила дека животот ѝ станувал подобар со текот на годините, бидејќи според неа, младоста е полна со анксиозности и сомнежи, преиспитувања, бидејќи никако не можеш да сфатиш што ти треба во животот…

„Кога си млад, секогаш нешто ти недостасува: или љубов или стан или пари или знаење…

Само старите луѓе можат да бидат навистина среќни. Староста нема иднина и токму тој факт ти овозможува да уживаш во секој ден“, рекла таа.

Според Викторија Токарев, постојат 3 столба на достоинствената старост:

1. Првиот се децата и внуците, па дури и правнуците.

2. Втората среќа е професијата. Јас го сакам тоа што го правам и половина од денот, половина од животот, ми поминува во таа работа. Таа половина од денот мора да ти биде интересно. Ако барем половина од денот ти е интересно, тоа значи дека си среќен човек.

3. Мојата трета среќа е мојот дом. Го изградив со мои пари, чесно заработени пари. Не е нешто посебно опремен, но за мене е совршен.

Тоа е сѐ што ви треба за да стареете достоинствено, така смета Викторија, а што мислите вие?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.