Откако ќе го пробате, вашето мени ќе стане незамисливо без ова крем-вариво со печурки!

Нешто на лажица

Совет: Ако варивото го приготвувате за утредента, павлаката за готвење додајте ја при подгревањето

Состојки:
  • 1 поголема главица црвен кромид
  • 1 поголем компир
  • 1 келераба
  • 1 резанка корен од целер
  • 100 мл павлака за готвење
  • 200 г шампињони
  • 1,5 л зеленчукова супа
  • прстофат лук во прав
  • бибер
  • сол
  • масло

Приготвување:

1. Црвениот кромид се чисти и се сечка на коцки. Келерабата, компирот и целерот се лупат и исто така се сечкаат на коцки.

2. На малку масло се пржи црвениот кромид, а потоа се додава целерот, па сето тоа заедно кратко се пржи.

3. Се додаваат компирот и келерабата и се става зеленчуковата супа, па се продолжува со варење додека омекне зеленчукот.

4. Потоа зеленчукот се цеди (зеленчуковата супа се зачувува) и со малку од течноста се миксира.

5. Кашата се соединува со зеленчуковата супа, се додава павлаката за готвење и се долева малку вода, за да се постигне посакуваната густина. Се додава лукот во прав, се посолува и забиберува по вкус.

6. Шампињоните се сечкаат на листови и се пржат во тава на малку масло, да испари вишокот течност.

7. Печурките се ставаат во тенџерето со варивото, па сето тоа заедно кратко се вари.

Извор: Добра храна

Чорбест деликатес од памтивек: Пробајте вариво со јагнешко месо
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.