Чорбест деликатес од памтивек: Пробајте вариво со јагнешко месо

Нешто на лажица

Вкусно вариво

Состојки:
  • 300 г јагнешко месо од бут
  • 2 главици црвен кромид
  • 2 моркова
  • 1 резанка корен од целер
  • 250 г лупени домати
  • 1 лажица пипер
  • 2 лажици густин
  • бибер
  • масло
  • сол

Приготвување:

1. Црвениот кромид се чисти и се сечка на коцки, морковите и целерот се лупат и исто така се сечкаат на коцки.

2. Јагнешкото месо и лупените домати се сечкаат на коцки.

3. На малку масло се пржи црвениот кромид, а потоа се додава јагнешкото месо и се пржи додека ја промени бојата.

4. Се додаваат морковите и целерот, па сето тоа заедно кратко се пржи. Понатаму се динста со долевање помалку вода, додека омекнат месото и зеленчукот.

5. Се додаваат сечканите лупени домати и се става 2 литра вода, па се вари уште десетина минути.

6. Во малку ладна вода се мати густинот со пиперот, па се додава во варивото и се вари уште пет минути, додека се добие посакуваната густина. Се посолува и забиберува по вкус.

Извор: Добра храна

Нешто на лажица: Вариво од црвена леќа што ќе ве закрепне и ќе ви го зајакне имунитетот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.