Јелена Карлеуша со стајлинг на јапонска суперхероина (ФОТО)
Како ви изгледа вам?
Јелена Карлеуша на снимањето на „Гранд-ѕвезди“ се појави облечена слично како суперхероината Харли Квин.
Имено, поп-пејачката носеше длабоки чизми од латекс, минијатурно розово здолниште, еден дел од косата и беше пуштен до половината, а другиот дел го врза во две високи кики.
Погледот го криеше зад големи, темни очила за сонце, а целата комбинација ја зачини со еден детаљ – ремени околу стомакот. Иако сме навикнати на нејзините провокативни изданија, се чини дека Јелена никогаш не изгледала поопуштено, а истовремено и стилизирано и секси.
Стајлингот на пејачката воодушеви многумина, и доби многубројни комплименти за сметка на изгледот.
View this post on Instagram
Па, која хероина ја претпочитате: Харли Квин или ЈК?
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм