Неодолива лутеница по рецепт на старите домаќинки: Ќе добиете проверено вкусен прилог со секое јадење

Мора да пробате!

Лутеницата по овој рецепт е неодолива!

Зимницата во нашата земја не може да се замисли без црвени пиперки и ајвар. Но многу гурмани обожаваат токму лутеница, која има посебен вкус. Иако се приготвува на разни начини, старите домаќинки имаат проверен рецепт за овој феноменален прилог за секој оброк!

Состојки:
  • 4 црвени пиперки
  • 2 главици лук
  • 4 лути пиперчиња
  • 250 мл масло
  • 250 мл вода
  • 1 лажиче сол
  • 70 г шеќер
  • 2 лажици оцет
Приготвување:

Исчистете ги пиперките од семки, па исечете ги на подебели стапчиња. Во плех за печење ставете алуминиумска фолија премачкана со масло. Наредете ги пиперките, покријте ги друго парче фолија и ставете ги да се печат на 200 степени околу половина час. Немојте да ги чистите лутите пиперчиња од семките, само отстранете им ги петелките и исечкајте ги на помали парчиња.

Ставете ги во сечко заедно со исчистениот лук и сето тоа сомелете го за да биде што поситно.

Добиената смеса префрлете ја во тенџере, сипете масло, вода, сол и шеќер. Сето тоа добро промешајте го, па гответе го на умерена температура со непрекинато мешање. Кога ќе почне да врие, тргнете го од рингла, сипете оцет и сето тоа заедно оставете го да се крчка околу 5 минути. Кога пиперката од рерна ќе биде печена, наредете ја во тегла, па прелејте ја смесата од тенџерето до врвот.

Затворете со капак, па превртете ја теглата наопаку и оставете ја така додека се олади. Лутеницата чувајте ја на темно и ладно место, а по отворањето, чувајте ја во фрижидер.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.