Што се случува со нашето тело кога долго време немаме односи? Психотерапевтка открива кој пол е во поголема опасност!

Дознајте повеќе

Фото: Unsplash

Многумина од нас не се ни свесни што се случува кога долго време немаме интимни односи

Интимните односи се добри за нашето здравје, истакнуваат стручњаците. Имено, сексот освен што го покачува нивото на серотонини и окситоцини во телото, го намалува стресот, го подобрува сонот, согорува калории, но помага и за главоболка.

Со оглед на тоа што добро влијае врз нашето тело, исто така доаѓа и до одредени реакции кога апстинираме. Воздржувањето од сексуални односи нема посериозни негативни последици, но телото и мозокот реагираат. Тоа има одредени предности и мани, но најмногу влијае врз менталното здравје.

Писхотерапевкта открила дека не постои правило кога е идеалното време за стапување во сексуални односи.

„Тоа е интимно и лично прашање. Не постои вистинско или универзално време кога треба да се стапи во сексуални односи. Тоа е индивидуална работа и сексуалноста е есенција на животот. Тоа е одлика на нашата личност. Детството и родителите многу влијаат врз тоа. Кај растурените семејства имаме Едипов комплекс, на пример. Сите тие фактори влијаат врз нашата слика за светот и за партнерот по кој трагаме“, рекла психотерапевтката.

Таа додала и дека долготрајната апстиненција може да доведе до низа проблеми, како што е губење на циклусот.

„Постои парадокс. Има девојки кои многу млади стапуваат во сексуални односи и жени кои доцна стануваат сексуално активни. Тоа ги оневозможува да се адаптираат и да се пронајдат себеси во сексуална смисла. Причината за тоа може да бидат несоодветни семејни односи и трауми“, вели психотерапевтката и додава:

„Долготрајната апстиненција доведува до низа психолошки тегоби. Многу често се случува тогаш жените да го изгубат циклусот и тука медицината и психологијата се преплетуваат“, рекла таа.

Недостигот од секс подолго време го зголемува ризикот од наплив на стрес, лошо расположение и анксиозност. Несоницата исто така е поврзана со апстиненцијата. Мажите кои подолго време апстинираат од секс, може да имаат проблеми со постигнување ерекција кога ќе престанат со апстиненција. Но имаат и предности.

Имено, апстиненцијата кај мажите го зголемува нивото на тестостерон во телото, што го зголемува растот на мускулите, нивото на енергија, снага, како и концентрацијата и помнењето.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.