Најкремастата палента: Евтин и здрав појадок што веднаш исчезнува од чинијата
Ќе се воодушевите
Вистинско уживање
Состојки:
- 4 шолји вода
- 1 лажиче сол
- 1 шолја палента
- 3 лажици путер
- половина шолја свежо рендан пармезан
Приготвување:
- Во сад со средна големина ставете вода, додајте сол и оставете ја да зоврие.
- Внимателно истресете ја палентата, но истовремено постојано мешајте ја смесата за да не останат грутки.
- Намалете ја температурата и оставете ја водата полека да испари, но и понатаму мешајте ја смесата се’ додека палентата згусне.
- Кога ќе се зготви, тргнете ја од шпорет и додајте путер во неа за да биде уште покремаста и повкусна.
- Ако сакате, може да додадете и пармезан.