Бања – одлична терапија

Вклучете и други елементи во вашето спа-уживање...

Топлата бања ја подобрува крвната циркулација, ја зголемува продукцијата на норадреналин и на тој начин опушта и смирува. Вклучете и други елементи во вашето спа-уживање, со кои овој ритуал ќе биде уште поздрав.

Запалете свеќа Набљудувањето на пламенот на свеќата предизвикува забавување и продлабочување на дишењето, што овозможува прилив на поголемо количество кислород во белите дробови.

Сувата кожа истријте ја со четка Ова направете го пред бањањето и со тоа ќе ја поттикнете циркулацијата. Важно е тоа да го правите во правец на срцето – од стапалата до рацете.

Пијте лимонада Додека уживате во бањата, испијте чаша топла вода со сок од половина лимон. Оваа напивка прави чуда за вашиот дигестивен систем и ефикасно го прочистува организмот.

Додајте ароматераписки масла во бањата Со додавање неколку капки масло од лаванда во бањата се активира позитивна реакција во делот на мозокот одговорен за меморија, па и за добро расположение.

Вдишувајте пареа Испарувањето на етеричните масла на рузмарин може да смири главоболка. Направете ароматичен пакет – ставете неколку гранчиња рузмарин во потекна памучна вреќичка, заврзете ѝ ги краевите и прицврстете ја за славината додека ја полните кадата.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Pixabay

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.