Моцарела-леб: Рецепт за најбараната погача во светот!

Крцкав и неверојатно сочен

Вкус во кој веднаш ќе се вљубите!

Состојки:
  • 10 г сув квасец или 40 г свеж
  • 250 мл млеко
  • 500-600 г меко брашно, за да се замеси и потоа да се премеси
  • 2 лажички шеќер
  • 2 лажички сол за тестото и уште малку за филот
  • 160 г путер
  • 400 г моцарела (може 200 г моцарела и 200 г кашкавал)
  • 2 јајца
  • 3-4 чешниња лук (може и во гранули)
  • лист од магдонос, ситно сечкан
Приготвување:

Загрејте млеко, па додајте шеќер и квасец и оставете го да стаса. Во еден сад, ставете 500 г брашно и 80 г омекнат путер. Кога квасецот ќе отстои, додајте го во брашното и мешајте со лажица. Потоа, додајте сол и продолжете со мешање.

Замесете меко тесто, доколку е потребно додајте уште малку брашно, но тестото треба да е меко, речиси лепливо за раце. Наросете го со брашно и оставете го еден час да расте на топло место, покриено со чиста крпа.

По еден час, премесете го тестото малку, формирајте круг и стиснете го со раце, за да се направи тенка тркалезна погача. Со остар нож засечете ја погачата вертикално и хоризонтално за да се добијат квадратчиња.

Стопете го остатокот од путерот, додајте сол, изгмечен лук и лист од магдонос и сето тоа изматете го. Почекајте една-две минути да се олади путерот, па премачкајте ја целата површина на погачата.

Моцарелата и кашкавалот исечете ги на ленти, па ставајте ги во погачата во засеците од нож. Најдобро е да го правите сето ова на хартија за да можете потоа полесно да ја префрлите погачата во тепсија. Оставете ја да отстои 30 минути, па вклучете ја рерната на 200 степени да се загрее.

Изматете јајце и премачкајте ја целата погача. Ставете ја да се пече додека порумени убаво. Послужете ја врела. Добар апетит!

Сте пробале кафанска погача? Рецепт по кој постојано ќе го месите лебот!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.