Кафанска погача: Рецепт по кој постојано ќе го месите лебот!

Мека како душа!

Нема ништо поубаво од домашно тесто

Состојки:
  • 300 г брашно
  • 10 г сув квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 180 мл газирана минерална вода
  • 3 лажици масло
Приготвување:

Загрејте ја газираната минерална вода (да биде млака), додајте шеќер, сув квасец и измешајте. Во подлабок сад просејте брашно, додајте сол и измешајте.

Потоа, додајте растворен квасец, масло и замесете тесто. Истанчете го тестото со намрсени раце (не го развлекувајте со сукало, туку со намрсени раце). Премачкајте помала тепсија со масло, сипете брашно и ставете го тестото. Покријте го со чиста кујнска крпа и оставете го да отстои 15 минути. Со виљушка направете шари (избодете го тестото).

Загрејте ја рерната на 250 степени, па намалете ја на 180 и печете ја погачата 15 минути.

Извадете ја готовата погача од рерна, напрскајте ја со вода, покријте ја со чиста кујнска крпа и оставете ја да се олади (десетина минути).

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.