Млечна погача: Еве како се прави најмекото печиво на светот!

Превкусно!

Научете како да приготвувате совршена и мека погача која останува свежа и утредента

Состојки:
  • 20 г квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • малку сол
  • 400 мл млеко
  • 2 јајца
  • 50 г стопен путер
  • уште малку путер за премачкување
  • 700 г брашно
  • сусам
  • жолчка
Приготвување:

Растопете го квасецот со шеќер, па сипете го во подлабок сад. Додајте јајца, стопен путер, млеко, брашно и сол и замесете мазно тесто кое треба одмора 30 минути на собна температура.

Расукајте го тестото на маса и поделете го на 2-3 дела. Со сукало расукајте го во правоаголник, премачкајте го малку со путер и завиткајте го во ролат, па пресечете го на мали ролати.

Тепсија од 24 см премачкајте ја со масло и редете ги ролатчињата во круг и во средина. Покријте ги и оставете ги да нараснуваат околу 20 минути. Премачкајте ги со жолчка и посипете ги со семки.

Печете на 180 степени Целзиусови околу 45 минути. Покријте ги со крпа и оставете ги 15 минути, па извадете ги од плехот.

Памук-погача: Меко и воздушесто тесто што се прави неверојатно лесно!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.