Летно и лесно: Вкусна салата со кикиритки

Брзо предјадење

Еднаш кога ќе ја приготвите оваа салата, секогаш ќе ја правите

Состојки:
  • 5 поголеми компири
  • 1 страк праз
  • 100 г печени несолени кикиритки
  • 100 г маринирани шампињони
  • 50 г пченка од конзерва
  • 200 мл павлака
  • 150 мл мајонез
  • пипер
  • сол
Приготвување:

1. Добро измијте ги компирите, па сварете ги заедно со лушпата. Потоа исцедете го вишокот течност и оставете ги да се оладат, па излупете ги и исечете ги на коцки.

2. Исчистете го празот и исечете го на коцки. Маринираните шампињони исто така исечете ги на коцки.

3. Крупно сомелете ги кикиритките.

4. Во сад помешајте ги компирите, празот и кикиритките. Додајте ги мајонезот и павлаката, попарете  и посолете по желба, па полека промешајте.

5. На крајот додајте ги маринираните шампињони и пченката.

6. Приготвената салата чувајте ја на ладно до послужувањето.

СОВЕТ: Внимавајте да не ги преварите компирите за да не се ронат премногу.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.