Прсти да излижете: Пилешко месо со шунка

Совршен петочен ручек!

Ќе ви треба помалку од еден час за да го приготвите овој ручек

Состојки:
  • 2 помали пилешки гради
  • 150 г домашна шунка
  • 100 г домати чери
  • 1 мала главица кромид
  • 1 црвена пиперка
  • 2 чешниња лук
  • 250 г домати пелати
  • оригано
  • 200 г кашкавал
  • 600 г бел компир
  • црн пипер
  • масло
  • сол
Приготвување:

1. Пресечете го пилешкото бело месо наполу.

2. Секоја половина засечете ја попречно, малку накосо, на растојание на секој 1,5 см.

3. Надолжно пресечете ги наполу чери-доматите, а потоа половинките исечете ги на попречни резанки со дебелина од 5 мм. Домашната шунка исечете ја на помали листови.

4. Во засеците од месото втиснете шунка и домат.

5. Посебно пригответе го преливот. Исчистете го кромидот и исечете го на коцки, па пропржете го на малку масло. Додајте ги исечканата пиперка и пасираниот лук, па пржете додека омекне зеленчукот. Додајте ги сомелените пелат-домати и ориганото, па варете на средна температура додека се редуцира течноста. Зачинете по желба.

6. Обложете го плехот со хартија за печење и попрскајте го со малку масло. Наредете го полнетото пилешко месо и прелејте го со доматниот сос. Околу него наредете ги резанките компир и печете во загреана рерна додека порумени.

7. Пред крајот на печењето посипете го пилешкото месо со кашкавал и вратете го во рерната да се запече.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.