Лековита чорба од коприва: Кремаста и посна!

Здрава чорба

Време е максимално да ја искористите младата коприва – извор на здравје

Состојки:
  • 40 мл масло
  • 1 главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1 компир
  • 1 морков
  • 1 зелена пиперка
  • 2 супени лажици пченкарно брашно
  • 200 г коприва
  • сув зачин
  • сол
  • бибер
  • слатка зачинска пиперка
  • толчена лута пиперка
Приготвување:

На масло пропржете го кромидот и зеленчукот. Прелејте ги со малку вода, додајте зачини и продолжете да ги загревате. По десетина минути, додајте пченкарно брашно и коприва, прелејте ги со вода, па продолжете со готвење. Варете ја чорбата 20-тина минути. Иситнете ги парчињата со миксер, па вратете ја супата од коприва на шпорет да зоврие. Добар апетит!

Здравје во чинија: Крем супа од коприва
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.