Кралицата Елизабета е скршена од тага по сопругот: По 70 години укинала уште една традиција!

Денес полни 95 години

Најблиските членови на семејството ќе ѝ честитаат роденден по телефон

Кралицата Елизабета денес полни 95 години. Тоа е првиот роденден по цели 70 години што ќе го прослави без сопругот, принцот Филип, кој беше погребан минатиот викенд.

Воедно, ова ќе биде и првиот нејзин роденден по седум децении што ќе го помине без традиционално фотографирање и објавување на нејзиниот нов портрет, што беше традиција години наназад.

Својот роденден Елизабета ќе го прослави опкружена со мал број кралска послуга во дворецот Виндзор.

Со оглед на тоа што кралицата внимава на своето здравје, поради епидемијата на коронавирус нема да има ни прослава.

Најблиските членови на семејството, како принцот Чарлс, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, ќе ѝ го честитаат роденденот и ќе ѝ посакаат сè најдобро по телефонски пат.

Елизабета наредила прекршување на традицијата на погребот на својот сопруг: Поради побегнатиот внук и посрамотениот син, се одлучила за ова!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.