Кејт Мидлтон со децата на шопинг: Вака се однесува кога нема камери – сопственичката на продавницата открила сè до детали!

Ова е вистината

Кога се појавува на јавни настани, нејзиното однесување е беспрекорно, но дали ситуацијата е таква и кога камерите се исклучени?

По погребот на принцот Филип, кралското семејство им се вратило на своите секојдневни обврски, а според британските медиуми, за војводите од Кембриџ тоа е враќањето на нивните деца на училиште по велигденскиот распуст.

По тој повод, Кејт Мидлтон со своите две поголеми деца, принцот Џорџ (7) и принцезата Шарлот (5), отишла на шопинг, а една твитерџика открила како изгледало тоа.

„Отсекогаш сум ѝ била обожавателка на Кејт Мидлтон. Денес дојде во една од моите продавници на Кингс Роунд со Џорџ и Шарлот, а откако мојот тим ми кажа како таа се однесувала со нив и како децата се однесувале едно со друго, сега ја сакам уште повеќе“, напишала извесна Алекса.

Нејзиниот твит привлекол големо внимание, па коментарите не престануваат да се нижат, а нормално, сите нè интересира каква е Кејт кога не е опкружена со медиумски претставници.

„Не бев таму, но таа зборувала со мојот тим. Децата имале буџет и морале да се придржуваат до него, сами си ги плаќале своите работи, со свои пари. Тие се обични и добро воспитани деца, а таа е нормален родител што ги воспитува на вистински начин, тоа е прекрасно“, напишала Алекса.

Ова не е првпат војвотката од Кембриџ како сиот нормален свет да оди на шопинг, па така и минатата година ја виделе како разгледува фустани со ќерка ѝ, а во една пригода била фотографирана како сама излегува од една детска книжарница.

Кејт Мидлтон е новата карпа во кралското семејство, Британија е сигурна во тоа: Еве зошто!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.