Кејт Мидлтон е новата карпа во кралското семејство, Британија е сигурна во тоа: Еве зошто!

Неверојатна жена

Имавме големи очекувања од војвотката од Кембриџ, но таа ги надмина сите на погребот на принцот Филип – не само со својата смиреност и стилот, туку и со начинот на кој се однесувала со другите членови на семејството

Британското кралско семејство има среќа! Достојна замена за принцот Филип (човекот што ја поддржуваше кралицата и постојано стоеше во нејзина сенка 73 години) е Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ.

Мудра, способна жена, предана сопруга и мајка, столб на стил и елеганција, а сега уште еднаш воодушевила кога се појавила на погребот совршено смирена, стилизирана, гледајќи директно во камерите, како да порачува: „јас го чувам кралското семејство“.

Негативната слика за кралското семејство што се создаде во моментот кога Меган и Хари го дадоа интервјуто за Опра, едноставно исчезнала кога Кејт се појавила на погребот, покажувајќи дека круната е во сигурни раце.

Прво му пришла на принцот Чарлс, го прегрнала и го утешила, без размислување дали тоа е еден вид претерана блискост или не. Реагирала како грижлива и топла личност. Фактот дека ситуацијата не била наместена го докажува и нејасното видео, бидејќи немало камери во близина. Значи, Кејт не го направила тоа поради публицитет.

Друга голема работа била нејзината иницијатива повторно да ги обедини браќата, принцовите Вилијам и Хари. Прво му се обратила на Хари и разговарала со него, за на крајот своето место да му го отстапи на Вилијам, па ги оставила браќата да си разговараат.

Поради нејзините постапки, Британија денес е мирна, бидејќи знае дека монархијата нема да исчезне заедно со кралицата. Кејт е тука да ги доведе работите во ред.

Ова е пораката што ја носи скапоцениот ѓердан на Кејт Мидлтон
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.