Елизабета наредила прекршување на традицијата на погребот на својот сопруг: Поради побегнатиот внук и посрамотениот син, се одлучила за ова!

Тешка одлука

Принцот Филип ќе биде погребан во сабота на поинаков начин одошто е вообичаено во кралското семејство

Традицијата според која членовите на кралското семејство на погребот на своите најблиски носат униформи ќе биде прекршена на последното испраќање на принц Филип, сопругот на кралицата Елизабета.

Причината зошто принц Вилијам, принц Чарлс и другите, нема да ги носат своите униформи, со кои би требало да му оддадат почест на починатиот Филип и неговите воени заслуги, е тоа што носењето униформи им е забрането на принцот Хари и принцот Ендру, кои исто така ќе присуствуваат на погребот.

Војводата од Сасекс го изгуби тоа право кога со сопругата Меган Маркл одлучиле да се откажат од кралските должности, што и најмногу го повредило, бидејќи служел во британската војска повеќе од десет години.

Од друга страна, принцот Ендру го изгубил правото на носење униформа, како и својата титула, по скандалот во врска со педофилија во кој бил доведен заедно со Џефри Епстин.

Прекршувањето на традицијата го наредила самата кралица Елизабета „за никој да не може да ги посрами нејзиниот внук и син“.

Па така, на погребот на принц Филип сите ќе се појават во обични костими.

Запознајте ја ќерката на кралицата Елизабета и Филип – Се вика Ана, има 70 години и ретко се појавува во јавноста
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.