Кралицата Ранија во хит-бојата за пролет 2021 година: Секогаш совршено стилизирана!

Погледнете!

Јорданската кралица на последното јавно појавување воодушевила во бојата што оваа пролет и лето ќе се носи на 100 начина

Прекрасната кралица Ранија повторно воодушевила со својот стил, па странските модни портали повторно пишувале за нејзиниот беспрекорен стил.

Имено, кралицата Ранија од Јордан, со својот сопруг кралот Абдула, посетила манифестација во Јордан, на која млади луѓе правеле разни ракотворби. Прекрасната Јорданка ги воодушевила сите присутни кога се појавила совршено дотерана во костим во розова боја со дворедно закопчување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen Rania Al Abdullah (@queenrania)

Оваа нијанса на розова боја, како и светлосината, на овој начин последен пат се носеа на средината од 1990-те години, а сега е јасно дека се враќаат на модната сцена.

Кралицата носела необични бели сандали со розови детали, кои совршено се вклопиле во целиот стајлинг.
Како ви се допаѓа овој стајлинг на прекрасната кралица од Јордан?

Свилен комплет и чевли што го одземаат здивот: Кралицата Ранија повторно потврди дека е неприкосновена модна икона!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.