Седа коса, минимална шминка, облека што никој не би ја облекол: Никогаш не сме ја виделе Моника Белучи во вакво издание!

Непрепознатлива

Сите ја знаат како фатална црнокоса заводничка, па сите се изненадија од овие фотографии

Иако е позната по улогите на фатални заводнички, италијанската актерска дива Моника Белучи, во новиот филм ќе покаже сосема поинаква уметничка трансформација.

Имено, папараци ја забележале за време на снимањето на филмот La Befana comes at night и ја фотографирале во потполно поинакво издание од она на коешто сме навикнати.

За потребите на улогата на вештерката Долорес во најновиот филм, Моника носи седа перика, минимална шминка, подочниците ѝ се нагласени, па речиси била непрепознатлива.

Во костим со шешир и метла, Моника потполно го доловила ликот на вештерка која е целосна спротивност на Бефани, стара жена од италијанските приказни која им носи подароци на децата.

Како ви се допаѓа Моника во ова издание?

Ова е вистинското лице на една од најубавите жени на светот: Моника Белучи без филтри и шминка (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.