Галетите од тиквички се совршениот пролетен оброк: Сочни, здрави и превкусни!

Мора да ги пробате!

Овој деликатес е совршен за топлите пролетни денови

Состојки:
  • 1 шолја ситно рендани тиквички (не ги лупете и цедете)
  • 1/2 шолја кефир (може и кисело млеко или јогурт)
  • 1 јајце
  • 1/4 шолја масло
  • 1/4 шолја пченкарно брашно
  • 1/2 шолја интегрално брашно
  • 1/3 кесичка прашок за печиво
  • малку сол, бибер и лук во гранули
Приготвување:

Приготвувањето на тестото започнете го така што ситно ќе ги изрендате тиквичките, отприлика измерете ја потребната количина, додајте кефир и јајце. Изматете го сето тоа со виљушка, додајте масло, а потоа и преостанатите состојки. Вклучете го апаратот за вафли. Кога ќе се загрее, премачкајте го со малку намрсена четкичка, па сипете ја смесата. Се печат една минута без отворање и ќе бидат совршена. Од оваа количина ќе добиете околу 6 парчиња. Супер се наместо леб и како додаток на оброкот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.