Подарок за поздрава, поцврста и посјајна коса: Шампон со кофеин „Алпецин“

За 1 читателка

Овој и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи

„Еурофарм“ на една читателка на априлскиот број на „Убавина и здравје“ ѝ подарува кофеински шампон против опаѓање на косата, Alpecin.

Шампонот Alpecin C1 Caffeine содржи новативна формула што нуди нов пристап во активниот третман на проблемот со опаѓање на косата, притоа подобрувајќи ја нејзината структура и поттикнувајќи го растот на влакното дури од коренот.

Уникатните активни својства на кофеинот за само 2 минути продираат длабоко во фоликулите на влакната, го неутрализираат негативното дејство на тестостеронот и го спречуваат наследното губење на коса.

При секојдневна употреба на кофеинскиот шампон ALPECIN C1  се продолжува фазата на раст на влакното, а косата станува поцврста, поздрава и посјајна.

Доколку сакате да го добиете подарокот, кој дефинитивно ќе придонесе да се чувствувате посамоуверено и поженствено, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во мај.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.