Домаќинка од Турција ги воодушевила сите: Повеќе од 10 милиони луѓе го погледнале овој рецепт! (ВИДЕО)

Задолжително пробајте

Вкусот ќе ве воодушеви

Кога сте во брзање и ви треба практичен и брз рецепт, секогаш можете да приготвите пита. Освен што се вкусни, познати се по тоа што лесно се приготвуваат. Овој пат ви предлагаме рецепт за малку поинаква пита од онаа на која сте навикнале. Станува збор за рецепт на турска домаќинка што е прегледан повеќе од 10 милион пат на Јутјуб.

Состојки:
  • 2 компира
  • 2 домата
  • 2 зелени пиперки
  • 3 млади кромида
  • 4 јајца
  • 1 лажиче сол
  • 100 г фета-сирење
  • 1 чаша масло
  • 1,5 чаши млеко
  • 3,5 шолји брашно
  • 2 кесички прашок за печиво
  • рендано сирење
Приготвување:

Компирот, доматот, зелената пиперка и младиот кромид се сечкаат на ситни коцки. Отстранете ја лушпата од доматот. Потоа, изматете јајца, па додајте го зеленчукот, сол, сечкана фета, масло и млеко. Добро промешајте. На крај, додајте брашно и прашок за печиво. Премачкајте калап со пречник од 32 см со путер. Сипете ја смесата, посипете рендано сирење одозгора и печете на 200 степени, 30-35 минути.

Погледнете ја целата постапка во видеото…

Заради БУРЕКОТ СО ВИШНИ се крена ВОСТАНИЕ на социјалните мрежи: „Дали треба да ви нацртаме што е бурек, а што пита?“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.