Заради БУРЕКОТ СО ВИШНИ се крена ВОСТАНИЕ на социјалните мрежи: „Дали треба да ви нацртаме што е бурек, а што пита?“

Вкусот ќе ве воодушеви

Повторно дојдовме до најбалканската филозофска расправија во историјата – што е бурек, а што пита? И од каде им е правото на луѓето питата со вишни да ја нарекуваат бурек?

Да заклучиме – бурек е слоевито тесто со месо, додека питите се со сирење, зелка или во сладок облик со вишни, јаболка и тиква.

Во продолжение ви претставуваме одличен рецепт за турски бурек со месо и зелка.

Состојки:
500 г кори за пита
300 г мелено говедско месо
200 г свежа зелка
1 морков
2 кромида
сол, црн пипер по вкус
1 мало лажиче црвен пипер
1 мало лажиче кумин

Прелив: 2 јајца, 300 мл млеко, 50 мл масло, 100 г кашкавал, 1/2 кесичка прашок за печиво, прстофат сол

Приготвување:

Фил: кромидот, зелката и морковот ситно исечкајте ги. Во тава, ставете маслиново масло и на него прво пропржете го кромидот да омекне и да добие светлозлатна боја. Додајте го меленото месо и продолжете да динстате додека месото ја смени бојата. Кога месото ќе се свари, додајте ги зелката и морковот. Продолжете да динстате уште неколку минути за да омекнат и да се соединат состојките. Зачинете со сол, бибер, кумин, црвен пипер и ситно сечкан магдонос (по желба). Сè убаво измешајте, тргнете го од оган и оставете малку да се излади.

Подгответе го калапот за бурек: лесно намачкајте со масло кружен калап од 26 см. Земете две кори, па заедно стуткајте ги и наредете ги на дното од калапот. Земете ја следната кора, развлечете ја, премачкајте ја со масло и ставете малку фил, свиткајте ја во ролна и исечете ја приближно во висина на вашиот калап. Наредете ги исечените кругови исправени во круг во калапот. Повторете го процесот додека го потрошите сиот фил.

Прелив: во сад се ставаат јајцата, млекото, маслото, малку сол, ренданото сирење и прашокот за печиво и сето тоа се меша со виљушка да се соедини. Истурете го врз бурекот во калапот.

Бурекот се пече околу 20 до 30 минути на 180 степени или додека добие убава златна боја.

Текст: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.