Брз и лесен оброк: Тестенини со туна

Врвно предјадење или замена за ручек

Ќе ви треба околу половина час за да ги приготвите овие вкусни тестенини

Состојки:
  • 2 главици кромид
  • 1 млада тиквичка
  • 200 г туна од конзерва
  • 350 мл домашен доматен сок
  • 25 г путер
  • 60 г рендано сирење
  • 350 г тестенини
  • оригано
  • пипер
  • сол
  • масло
Приготвување:

1. Исчистете го кромидот и исечете го на коцки, а младата тиквичка измијте ја, па сосе кората исечете ја на коцки.

2. На малку масло испржете го кромидот да пожолти, а потоа додајте ја исечената тиквичка, па и неа кратко продинстајте ја да омекне.

3. Додајте ја туната исчистена од маснотијата, сипете го доматниот сок и варете на средна температура десетина минути, додека сосот ја добие потребната густина.

4. Сварете ги тестенините ал денте во солена вода, па исцедете го вишокот течност.

5. Ставете ги тестенините во доматниот сос, додајте ги путерот, пармезанот, ориганото и зачини по желба, па полека промешајте.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.