Уживање за сите сетила: Роловани лазањи

Вкусот ќе ве воодушеви

За помалку од еден час ќе приготвите ручек што ќе ги воодушеви сите домашни

Состојки:
  • 300 г тесто за лазањи
  • 450 г мелено телешко месо
  • 1 поголема главица кромид
  • 150 мл доматен сок
  • 200 г моцарела
  • 200 г сирење
  • оригано

За преливот:

  • 150 мл доматен сок
  • 200 мл павлака за готвење
  • 40 г пармезан
Приготвување:

1. Најпрво пригответе го филот од месо. Исчистете го кромидот и исечете го на коцки, па пропржете го на малку масло. Додајте го меленото телешко месо и пржете додека ја промени бојата. Сипете го доматниот сок, додајте оригано и зачини по желба и варете на средна температура додека изврие вишокот течност.

2. Кратко проварете ги листовите тесто за лазањи во врела вода да омекнат.

3. На секој лист тесто ставете малку од филот од мелено месо, прекријте го со ливчиња сирење и замотајте го. На истиот начин обликувајте уште ролнички.

4. Сипете доматен сок и половина од смесата од павлаката за готвење и пармезанот во огноотпорен сад. Полнетите ролнички пресечете ги наполу и наредете ги преку преливот. Прелејте ги со остатокот од смесата од павлака и пармезан.

5. Печете ги во рерна загреана на 200 степени Целзиусови додека омекне тестото и испари вишокот течност. Пред крајот на печењето одозгора ставете крукчиња моцарела и вратете во рерна да се допече.

Совет: Ролничките не морате да ги сечете, можете да ги оставите цели и попрчено да ги наредите во тепсијата.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.